Членот на Советот на Општината Карпош, Неделчо Крстевски, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ги презема надлежностите на актуелниот градоначалник на Општината, Сотир Лукровски, од истата партија.
Како што информираа од Општината, Лукровски бил на боледување од здравствени причини. Не е познато до кога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот Сотир Лукровски не си поднел оставка, на боледување е, велат од Општината
Крстевски сега нема да може да биде и член на Советот на Општината.
Кој е Крстевски
Роден е во 26. ноември 1976 година во Скопје.
Тој е дипломиран филолог, а според податоците објавени на официјалната страна на Општината, бил вработен во Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Политичка кариера
Претходно во времето кога градоначалник на Град Скопје беше Коце Трајановски, од ВМРО-ДПМНЕ, Крстевски беше портпарол на Градот.
Беше и секретар на Општина Карпош во времето кога Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ, беше градоначалник на Општината.
Од 2025 година е член на Советот на Општина Карпош, а мандатот му е до 2029 година.
Приватно
Тој е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Неделчо Крстевски, кој го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски
Кој е Сотир Лукровски, градоначалникот на Општина Карпош
Каков имот пријавил Сотир Лукровски, градоначалникот на Карпош
Фото: Крстевски/Фејсбук














