Кој е Сотир Лукровски, градоначалникот на Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, е во фокусот на јавноста откако дел од медиумите објавија дека си поднел оставка, но и дека тоа не му било првпат.

Од Општината пак демантираа и велат дека тој бил на боледување и дека привремено ќе бил отсутен поради здравствени причини, но не наведуваат до кога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот Сотир Лукровски не си поднел оставка, на боледување е, велат од Општината

Од таму тврдат дека Општината ќе продолжела да работи непречено, а надлежностите на Лукровски, согласно закон, привремено ќе ги извршувал членот на Советот на Општината, Неделчо Крстевски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој поради тоа нема да може да биде и член на Советот.

Кој е Лукровски

Роден е на 15. јули 1973 година во Скопје.

Во 2014 година дипломирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на отсекот по економија, а средното образование го завршил во 1992 година во економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје.

По потекло е од егејскиот дел на Македонија, и е претседател на здружението “В’мбел Егеј“.

Од 2009 година активно работи на зачувување на корените, фолклорот и традициите на Македонците по потекло од егејскиот дел на Македонија. 

Во 2024 година доби забрана за влез од три години кај јужниот сосед.

Работно искуство

Пред да влезе во политика работел како менаџер за продажба и маркетинг, во фирмата Медикус хелп во периодот од 2000 до 2010 година.

Од 2010 до 2025 година работел на позицијата помошник директор за маркетинг и продажби во Алкалоид конс во Скопје.

Зборува англиски јазик.

Член на ВМРО-ДПМНЕ е од 1991 година.

Градоначалник стана лани, а мандатот му е до 2029 година.

Приватно

Татко е на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Сотир Лукровски, градоначалникот на Карпош

Кој е Неделчо Крстевски, кој ќе го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски

Каков имот пријавил Неделчо Крстевски, кој го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски

Фото: Фејсбук/Лукровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести