Градоначалникот скопската општина Карпош, Сотир Лукровски, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, не си поднел оставка, туку е на боледување, регираат од Општината по информациите во дел од медиумите дека си поднел оставка.
-Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од таму и информираат дека неговите надлежности привремено ќе ги извршува член на Советот на Општината.
-Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сотир Лукровски, новиот градоначалник на Карпош














