39-годишниот Р.Р., обезбедувач од поширокото обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, ја тепал 37-годишната сопруга пред нивната малолетна ќерка и ја давел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Член на поширокото обезбедување на Мицкоски ја претепал сопругата, заврши во притвор
Како што е познато инцидентот се случи на 2. мај, по што беше уапсен и доби кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, па заврши во притвор.
Обвинителството пак за него денеска до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог за кривичното дело „телесна повреда„
-Обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави.
Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.
Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон.
Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом, велат од Обвинителството.
Од Обвинителството од Судот бараат и продолжување на неговиот 8-дневен притвор, поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност тој да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото.
-При тоа е земено и предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














