Премиерот Христијан Мицкоски денеска сподели нови детали за случајот со обезбедувач од неговото пошироко обезбедување, која ја претпепал неговата сопруга, по што заврши во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Член на поширокото обезбедување на Мицкоски ја претепал сопругата, заврши во притвор
Тој меѓу друго подвлече дека оваа е втор случај поврзан со лице од неговото обезбедување, но и дека интервенцијата на институциите била доказ дека системот функционира неселективно, за разлика од порано.
Мицкоски исто така објасни дека станува збор за припадник на т.н. „претходница“ и откри дека има познанство со семејството на жртвата на семејно насилство.
-Јас не толерирам недисциплина, не само во рамките на моето обезбедување. За волја на вистината, тој е припадник на претходницата, која не ја гледам така често, и за волја на вистината, сопругата е ќерка на мој колега од факултет, додаде тој.
Се работи за обезбедувачот Р.Р., кој е остранет од работа, а инцидентот се случил на 2. мај.
Фото: Влада














