Одземен автобус кој превезувал ученици од екскурзија оти се распила неколку пати, даден на вонреден технички преглед

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека по претходна пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ. (43) од Скопје. 

-Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност. 
Патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација. 

По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат от таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести