(Галерија) Кој дојде на Конгресот: Вреди стана партија

Владејачката коалиција Вреди од вчера и официјална е една партија.

Четирите партии Беса, Алтернатива, Демократско движење, крило на Алијансата за Албанците и подржувачите на партијата на косовскиот премиер, Албин Кури, Самопределување во Македонија, се обеднија на основачкиот Конгрес, кој се одржа во македонската Филхармонија во Скопје.

На Конгресот учествуваа околу 850 делегати, а меѓу гостите беше и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, владиниот коалционен партнер на Вреди, Христијан Мицкоски, Курти, потпретседателот на Демократската партија на Албанија, Лучијано Бочи, градоначалничката на Општина Прешево, Ардита Синани, преставници на други македонски партии, дипломати во земјава..

Според најавите партијата ќе биде од десниот центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ќе бидат претседатели: Вреди денеска станува партија

Фото: Вреди/Меџити/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести