Коалицијата Вреди, која е дел од Владата, од денеска ќе биде една партија.
Тоа ќе се случи на Конгрес, на кој се очекуваат околу 850 делегати, а ќе се одржи во македонската Филхармонија во Скопје.
Според најавите партијата ќе биде од десниот центар.
Копретседатели на новата партија ќе бидат Изет Меџити, лидерот на Демократско движење и Биљал Касами, лидерот на Беса.
Функцијата генерален секретар пак ќе врши лидерот на Алтернатива, Беким Сали.
Партијата ќе има пет потсекретаријати.
Фото: Вреди














