Жичницата на Водно нема да работи цело лето

Жичницата на Водно нема да работи цело лето, бидејќи откако е пуштена пред 15 години никогаш не и бил направен целосен сервис од австрискиот производител „Допелмаер“, информираше за порталот Сакам да кажам, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој вели дека поради тоа постои ризик да падне гондола.

Пред неколку денови од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираа дека таа нема да работи два дена, ама по проверките од страна на „Допелмаер“, Град Скопје одлучил да не ја пушти повторно во сообраќај.

Со австрискиот производител до сега не бил склучен договор за целосно сервисирање. Колку ќе изнесува тоа засега не е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жичницата на Водно нема да работи до петок

Фото: ЈСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести