Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21. април (вторник) до 24. април (петок), поради вршење контрола од страна на стручни тимови од австриската фирма ,,Допелмаер” (Doppelmayr).
Од 25. април (сабота) жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време.
Фото: ЈСП













