Предистрагата за бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој повторно е топ тема, поради најавата за негова екстрадиција од Унгарија од страна на идниот унгарски премиер, Петер Маѓар, била затворена кон крајот на 2024 година, објави телевизијата Телма.
Предистрагата беше отворена во ноември 2018 година, неколку денови по неговото бегство.
Истата, како што објави телевизијата не открила кој му помогнал на Груевски да избега од Македонија.
Како што е познато тој до Унгарија каде стана политички азилант стигна преку Албанија, Црна Гора и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Од друга страна пак Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја отвори предистрагата, точно ја утврдило рутата на Груевски надвор од Македонија – со кои возила, во кое време и со кои луѓе патувал, велат од таму за Телма.
„Мора јасно да се каже дека и покрај брзата реакција на Обвинителството и органите на прогон, дел од доказите беа неповратно уништени или никогаш не постоеле.
Имено, на дел од граничните премини немало видео надзор или истиот не функционирал, додека хард дискот од зградата во која живеел Груевски бил форматиран и немало можност за враќање на записите“, велат од таму за телевизијата.
Ако се обезбеделе нови докази што идентификуваат вмешани во бегството, Обвинителството ќе ја продолжело постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има ли Груевски унгарско државјанство?
Груевски има и фирма во Унгарија
Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Фото: Груевски/Фејсбук














