Американската војска најпрво шест часа предупредувала, а потоа пукала кон погонската машина на товарен брод под иранско знаме кој се движел кон пристаништето Бандар Абас во Ормускиот теснец.
Оневозможувајќи го да плови, американски маринци потоа проверувале што има.
САД воведоа поморска блокада за иранските пристаништа, а според информациите кои ги објавуваат светските медиуми, досега на најмалку 25 бродови им било наредено да се вратат или да го променат правецот.
Иран соопшти дека запленетиот брод пловел кон Кина, и воедно се заканија со возврат на „вооруженото пиратство од страна на американската војска“.
Техеран го обвини САД за кршење на примирјето, кое истекува во среда, и одбиваат нова рунда на преговори.
Американскиот претседател Доналд Трамп пак повторно се закани дека САД ќе таргетираат клучна инфраструктура доколку Иран не го прифати договорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран повторно го затвори Ормускиот теснец
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Фото: еМагазин.мк













