Иран откако пред неколку денови го отвори Ормускиот теснец, повторно го затвори истиот.
Според иранските власти, причината е блокадата од страна на САД на иранските пристаништа, а иранската војска ја презеде контролата над истиот.
Иран го обвини САД за пиратство и тврди дека блокадата на иранските пристаништа претставува поморски грабеж.
Американскиот претседател Доналд Трамп пак изјави дека блокадата на иранските пристаништа ќе остане во полна сила додека не се заврши целосно договорот за крај на војната помеѓу САД и Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Станува збор за теснец низ кој меѓу друго се транспортираат 20% од нафтата за глобални потреби, како и голем процент на течен гас и храна.
Токму нефункционирањето на теснецот по нападот на САД и Израел на Иран придонесе за раст на цените на нафтата, гасот, храната, хемикалиите…, што пак придонесе за раст на глобалната инфлација, а земји низ светот веќе бележат и помал економски раст.
Повторното нефункционирање на транспортот низ теснецот дополнително ќе влијае на светската инфлација и светската економија.
Според податоците на Ројтерс и проценките на аналитичарите, од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, кој е резултат на нападот на Иран, е изгубена сурова нафта во вредност од над 50 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран целосно го отвори Ормускиот теснец по примирјето помеѓу Израел и Либан
Фото: еМагазин













