Синоќа на Тиквешки гроздобер настапија Жељко Самарџиќ, Дупер, Нокаут. Во рамките на манифестацијата се одржаа и други настани таблијада, мото рели, дегустација на вино како и традиционалниот Тиквешки карневал.
„Кавадарци вечерва пееше во еден глас со Жељко Самарџиќ. Безвременски песни, препознатлив глас и публика која ги знае стиховите од првиот до последниот тон. Вечер исполнета со eмоции, спомени и музика која трае.
Дупер ја донесе својата препознатлива енергија на сцената.Уште еден музички момент што ќе го паметиме од оваа гроздоберска сабота.
Нокаут ја наполни гроздоберската сцена со добро познатите хитови и енергијата што со години ја поврзува публиката од сите генерации,“ велат од Тиквешки гроздобер.












ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се ќе настапи на „Тиквешки гроздобер“: Цела програма














