Уапсен е возач во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која е дел од Владата, потврдија од МВР за „360 степени“.
За возачот, имало поднесено пријава од граѓанин и по неа постапувале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при МВР во координација со јавен обвинител.
Вработениот Д.Ц. бил затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
Неофицијално станува збор за возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
Фото/Unsplash














