Иран целосно го отвори Ормускиот теснец по примирјето помеѓу Израел и Либан

Иран целосно го отвори Ормускиот теснец по договорот за 10 дневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан.

Токму прекинот на огнот во Либан беше еден од условите Иран да се согласи на договор со САД за завршување на војната, кој предвидува и целосно отварање на теснецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел и Либан договорија примирје од 10 дена

Информацијата на социјалната мрежа Х ја соопшти иранскиот министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.

-Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите трговски бродови низ Ормускиот теснец се прогласува за целосно отворен во преостанатиот период од примирјето, напиша тој.

Бродовите можат да се движат по координирана рута која претходно беше објавена од иранските власти.

Токму нефункционирањето на овој теснец, низ кој поминува 20% од транспортот на нафта за глобални потреби, но и голем процент на течен гас и храна, беше главната причина за драстичниот раст на цената на нафтата, но и на гасот, храната и друга стока.

Тој беше речиси затворен откако САД и Израел го нападнаа Иран, што предизвика конфликт во целиот регион на Блискиот Исток, а светот се соочи со зголемена инфлација и намален економски раст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е значаен Ормутскиот теснец

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести