Израел и Либан договорија примирје од 10 дена

Израел и Либан вчера договорија прекин на огнот од 10 дена.

Договорот беше постигнат по разговори помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и либанскиот претседател Жозеф Аун, иако либанската влада нема директна контрола врз шиитско либанското (проиранско) паравоено движење Хезболах.

Претставникот на Хезболах, Ибрахим ал-Мусави за новинската агенција АФП изјави дека движењето ќе се придржува до прекинот на огнот под услов тоа да претставува целосен прекин на нападите од страна на Израел против Хезболах.

Израел го нападна Либан, по заедничкиот напад со САД на Иран, со оправдување дека таму гаѓа цели на Хезболах, при што беа убиени стотици цивили.

Токму прекинот на огнот во Либан е и едно од барањето на Иран за постигнување на договор со САД.

Утринава пак Либан го обвини Израел за кршење на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема договор помеѓу САД и Иран, светот пред нови економски предизвици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести