Какво ќе биде плаќањето во иднина – ќе користиме картички или вештачката интелигенција ќе го прави тоа за нас

На панел-дискусијата во рамките на која, Комерцијална банка и Mastercard одбележаа 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија, се постави и прашањето како во иднина ќе изгледа плаќањето.

Иако е тешко со прецизност да се одговори на ова прашање, имајќи ја предвид непредвидливоста на технолошкиот развој, сепак лесно е да се претпостави дека во купувањето во иднината, ќе бидат вклучени вештачка интелигенција и роботи.

„Електронска трговија со вклученост на вештачка интелигенција. Тоа е голем тренд кој се случува сега и во иднина тоа ќе се зголемува. Пластиката ќе исчезнува, ќе се користат токени, кои може да се користат на уреди, најчесто на мобилните телефони.

Нашите намери за купување ќе бидат управувани од страна на роботи и вештачка интелигенција. Тие ќе ги регистрираат намерите на купувачите и ќе ги реализираат во пракса. Значи станува збор за управување со намери,“ изјави Бартош Чиолковски, генерален директор на Mastercard за Југоисточна Европа.

Тој додаде дека промените се случуваат многу брзо и до пред половина година не размислувавме за електронска трговија со вклученост на вештачката интелигенција или агенти.

Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка рече дека следува интересен период, бидејќи ако порано промените се случувале на секои 3-4 години, денес секој ден носи некоја новина.

„Ако воведувањето на пост терминалот или кредитната картичка го сметавме за револуција, денес не постојат такви еднократни технолошки иновации, денес секој ден носи некоја новина.

Верувам дека картичките се уште ќе останат многу важни, а нема да бидат картички. Денес картичките се повеќе телефон, smart watch и слични електронски уреди.

Претпоставувам дека за пет години, картичката ќе биде самото присуство на купувачот. Е сега дали за 10 години ќе биде само присуството на купувачот или ќе биде доволно само да помисли дека сака да купи, не би одел до толку далеку. Ќе оставиме времето да покаже да оставиме во кој правец ќе се развива,“ додаде Џамбазовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.000 плаќања во месец, до 1.000 во минути: Како се менуваа навиките на граѓаните во плаќањето со картички

Комерцијална банка најавува дигитална картичка

Комерцијална банка и Mastercard одбележаа значаен јубилеј – 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести