Има ли Груевски унгарско државјанство?

Бегалецот Никола Груевски, кој е поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ е во фокусот на јавноста откако идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави негова екстрадиција во Македонија, која досега ја одбиваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар

Во меѓувреме медиумите во Македонија анализираат колку иста е возможна, но и го отвараат прашањето дали тој веќе добил унгарско државјанство, што дополнително може да ги искомплицира работите.

Во интервју за „360 степени“, адвокатот од Хелсиншкиот комитет на Унгарија, Жолт Секереш, меѓу друго вели дека Груевски би можел веќе да има унгарско државјанство. На истото имал право уште од 2021 година, три години по неговото бегство од Македонија во ноември 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

-Одлуката по таквите барања е дискрециска, на унгарскиот претседател, вели тој.

За екстрадицијата пак вели дека може да се разгледува вонредно, покрај тоа што бегалскиот статус на лица во Унгарија подлежи на ревизија секои три години.

-Преиспитување може да се иницира и вонредно, но во тој случај се потребни неколку месеци за да се донесе правосилна одлука, независно од политиката и најавите на човекот кој се очекува да стане нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Груевски има и фирма во Унгарија

Ако биде екстрадиран Груевски ќе лежи затвор најмалку 9 години, моментално активни две потерници за извршување на санкции

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести