Фехми Стафа преместен во затворот „Шутка“, за поткуп од 50 илјади евра се спогоди да лежи 15 месеци

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да лежи затвор за поткуп од 50 илјади евра со признавање вина, од Затворот „К’шање“ во Куманово, каде беше во притвор, е преместен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фехми Стафа признал вина за 50 илјади евра поткуп, доби 15 месеци затвор

Информацијата денеска ја соопштија од Основниот кривичен суд Скопје, од каде ја разгледале предлог спогодбата и утврдиле дека се исполнети законските одредби од Законот за кривична постапка, па ја верификувале истата.

Стафа е преместен вчера.

Како што е познато тој е обвинет дека зел поткуп од 50 илјади евра, а претходно барал 100 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Парите ги зел од сестрата на бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот, за да делува кај судуја од Апелациониот суд тој да не оди во затворски притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Која е фирмата Тритерол петрол, за чија лиценца Бислимоски заработи кривична

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести