Нема договор помеѓу САД и Иран, светот пред нови економски предизвици

САД и Иран по маратонски преговори во главниот град на Пакистан, Исламабад, не постигнаа мировен договор, што за светот значи дека ќе биде исправен пред нови економски предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Пакистан почнаа мировните преговори помеѓу САД и Иран

Светот веќе трпи голема економска штета од војната на Блискиот Исток која ја предизвикаа САД и Израел со нападот на Иран.

Според потпретседател Џеј Ди Венс, која ја предводеше американската делегација на преговорите, непостигнувањето на договор повеќе било лоша вест за Иран, отколку за САД.

Иран не прифатил да не создава нуклеарно оружје и други услови кои ги поставиле Американците, образложи тој пред новинарите, и го напушти Пакистан.

Од Иран преку тамошните медиуми пак соопштија дека САД имале „прекумерни“ барања и затоа не бил постигнат договор.

Од иранската влада пак во објава на социјалните мрежи информираа дека преговорите ќе продолжат и дека техничките експерти од двете страни ќе разменуваат документи.

После овој епилог е нејасно дали ќе продолжи двонеделниот прекин на огнот, кој во неколку наврати веќе се прекрши, а Израел исто така продолжи да го напаѓа Либан.

Исто така, Ормускиот теснец, кој е контролиран од Иран, се уште не функционира целосно, а како што е познато низ него поминува 20% од транспортот на нафта за глобални потреби, но и голем процент на храна и гас.

Тоа доведе до драстичен раст на цената на нафтата, што веќе предизвика раст на цените на бројни производи и стока, ја зголеми инфлацијата низ светот и ги намали проекциите за економски раст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот може да здивне, засега: САД и Иран договорија двонеделен прекин на огнот, и двете земји прогласија победа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести