Бугарија за Македонците се уште не спровела ни 17 пресуди на Европскиот суд за човекови права

И Комитетот за човекови права на Обединетите Нации (ОН) го утврди тоа што е веќе познато со години.

Членката на Европската унија, Бугарија, не дозволува регистрација на македонски здруженија, а за тоа не нуди правно објаснување.

Како и Европскиот суд за човекови права кој по иста основа има донесено дури 17 пресуди за Бугарија, и Комитетот на ОН утврди дека источниот сосед го прекршува правото на слобода на здружување и ја повика земјата да ги преиспита пресудите на домашните судови и во рок од 180 денови да поднесе детален извештај до Комитет што презела околу тоа.   

За разлика од Бугарија, во Македонија каде според пописот има 3.500 етнички Бугари, има дестина нивни здруженија и политичка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ОН реагира оти Бугарија не ги почитува правата на Македонците

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести