Денеска во Исламабад, главниот град на Пакистан започнаа мировните преговори помеѓу САД и Иран, со посредство на пакистанските власти.
Преставници на САД се потпретседател Џеј Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Иранската делегација пак е предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Калибаф, а во неа е и министерот за надворешни работи Абас Арагчи.
За да двете земји стигнат до директни преговори, Иран има неколку барања. Земјата бара контрола врз Ормускиот теснец, деблокирање на замрзнатите средства на земјата во странство, исплата на воени репарации, воспоставување прекин на огнот во целиот регион, како и во Либан, кој е нападнат од Израел.
Очекувањата дали САД и Иран ќе стигнат до директни преговори се поделени.
Во меѓувреме во тек е прекин на огнот од две недели, но конфликтот продолжува.
Ормускиот теснец, низ кој проаѓа 20% од транспортот на нафта за глобални потреби, но и голем процент на храна и гас, и понатаму е блокиран од Иран.
Штети од војната која ја предизвикаа САД и Израел има целиот свет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














