Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил денеска објави фотографија на која се гледа како вапца јајца за големиот празник Велигден.

-Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува.
Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник.
Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!, напиша таа.
Фото: Кабинет на претседателката














