Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов е, во фокусот на јавноста.
Посебен интерес побуди тоа што станува збор за бизнисмен, кој веќе работел/работи во области кои имаат допирни точки токму со енергетиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ацо Ристов, новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Основач на Алфа инжинеринг
Пред да влезе во политика во 2021 година кога стана градоначалник на Општина Радовиш се повлече од управувачката функција во Алфа инжинеринг ДООЕЛ Скопје, основана во 2000 година, каде е основач.
Сега таму е прокурист – односно има овластување од компанијата да склучува договори и да врши правни работи и дејствија во нејзино име и за нејзина сметка во рамките на предметот на нејзиното работење и да го застапува друштвото во постапките пред управните и други државни органи. Прокуристот нема право да ги отуѓува и оптоварува недвижностите на фирмата, освен ако нема посебно овластување за тоа.
Фирмата има нов управител – Владо Спасов, а како сопственик/содружник се води Ѕвезда Андонова.
Станува збор за компанија која се занимава со инсталации за прочистителни станици и отпадни води, изградба на трафостаници, далноводи и мали хидроцентрали, поставување фотоволтаици и градежништво со градење на станбен простор.
Бизнис со мали хидроцентрали
Алфа инжинеринг поседува околу 33% во фирмата Еко Тера ДОО Скопје, која е сопственик на три мали хидроцентрали.
Фирмата е основана во јануари 2021 година, а во нејзината сопственичка структура се и фирми од Велес и Струмица.

Хотелиерство
Во сопственост на Алфа инжинеринг е и хотелот и спа „Бел Камен„ на планината Плачковица.
Хотелот се наоѓа на 20 километри од Радовиш.
Располага со 15 двокреветни соби, од кои три се студиа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ацо Ристов, новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична
Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција
Фото: Фејсбук/Ристов/Бел камен














