Вчера во македонското Собрание за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) беше избран Ацо Ристов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Доаѓа на местото на Марко Бислимоски, кој поднесе оставка откако заработи кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ацо Ристов, новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Кој е Ристов
На пошироката јавност најмногу и е познат како поранешен градоначалник на Општина Радовиш, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
На таа функција беше од 2021 до 2025 година.
Тој е дипломиран електро инженер, а како што стои во неговата биографија има долгогодишно раководно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.
-Тој е искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура и има силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање, пишува во неговата биографија.
Член е на Комората на овластени архетекти и овластени инженери на Македонија со овластување за А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија.
Работно искуство
Основач е на компанијата Алфа инжинеринг ДООЕЛ Скопје, основана во 2000 година. Станува збор за компанија која се занимава со инсталации за прочистителни станици и отпадни води, изградба на трафостаници, далноводи и мали хидроцентрали, поставување фотоволтаици и градежништво со градење на станбен простор.
Откако влезе во политика ја отстапи истата на друг сопственик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична
Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција
Фото: Ристов/Фејсбук














