Надоместоците на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Жито лукс АД Скопје лани по основ на плати и останати краткорочни бенефиции изнесувале 15.707 илјади денари, стои меѓу друго во годишниот извештај на Друштвото објавен преку Македонската берза.
Претходната година тие изнесувале 14.882 илјади денари.
-Според одлука донесена на Годишното собрание, месечниот надоместок за членовите на Надзорниот одбор изнесува 300 евра месечно во денарска противвредност сметанo по средниот курс на НБРСМ на денот на исплатата, стои во извештајот.
Управниот одбор (УО) го сочинуваат Николаос Воудоурис, кој е претседател на УО, генерален директор на Друштвото и извршен директор на ELBISCO SA, Димитриос Плакоутсис, кој е потпретседател на УО и заменик генерален директор на Друштвото, Георгиос Вреттос, член, Методи Пишев, член, одговорен за набавки и логистика, Георгиос Тхрискос, член, одговорен за продажба и развој на бизнисот, Антоанела Петровиќ, член, одговорна за прашања од областа на маркетинг и Оливера Ѓуровска, одговорна за финансии и контрола.
Надзорниот одбор (НО) го сочинуваат: Наташа Трпеноска-Тренчевска, претседател, Ирини Патерас, потпретседател, Ставрос Бозикас, член, Роберта Теова, член и Мицхаил Фандридис, член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














