Како работел Жито лукс лани

Жито лукс АД Скопје лани остварил добивката пред оданочување од 33,8 милиони денари, која е подобрена за 13% во споредба со објавениот финансиски план за 2025 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Бруто профитната маржата од 33%, укажува дека профитабилноста на компанијата е на посакуваното ниво.

Обемот на продажбите на водечките производни сегменти (специјален и леб за тост) е зголемен за 4%, што значи дека постоечкото портфолио на производи одговара на целниот пазар и ја одржува стратегијата за подобро пазарно позиционирање.

Повисоките останати оперативни приходи доаѓаат главно од продажба на средства расположливи за продажба, согласно програмата на менаџментот за отуѓување на деловни објекти од дисконтинуирано работење.

Трошоците за производство бележат зголемување од 2,8%, како резултат на повисоките цени на клучните производствени инпути: пченица, енергија и останати суровини како и плати за вработените.

Оперативните трошоци во износ од 390 милиони денари бележат благо намалување споредбено со минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито лукс со намалена добивка во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести