Кој е Ненад Савески, новиот државен јавен обвинител

Ненад Савески, откако во македонското Собрание беше избран за нов државен јавен обвинител, вчера даде свечена изјава и стартуваше со работа.

Очекувањата на јавноста од него се големи, а тој меѓу друго вети дека нема да прави приорети за предметите, како што правеа многу негови претходници, дека ќе ги задоволи очекувањата на граѓаните, но посочи и дека политичките партии, никогаш не биле негов интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По заклетвата во Собрание, Савески на средба со јавните обвинители

Вчера тој имаше и средба со неговите нови колеги во Основното јавно обвинителство.

Тој доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ненад Савески, новиот државен јавен обвинител

Кој е Савески

Роден е на 22. јули 1976 година и живее во Гостивар.

Средното образование завршил во гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.

Право дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој е и магистер по правни науки – казнено право, а магистрирал на истиот факултет.

Правосудниот испит го положил во 2003 година.

Зборува македонски, англиски, германски, српски и има основни познавања од албански јазик.

Работно искуство

На новата позиција дојде како судија. Од 2016 година беше судија во Основниот кривичен суд Скопје, во Одделот за организиран криминал и корупција.

Од 2009 до 2016 година работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство.

Од 2004 до 2009 година бил стручен соработник во Основниот суд Гостивар.

Во истиот суд од 2000 до 2002 година бил и судски приправник.

Тој е и предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач за човекови права и кривично право.

Експертиски бил ангажиран од ОБСЕ Македонија, Националната конвенција за ЕУ – Поглавје 23, Советот на Европа и УСАИД.

Савески е и член на повеќе работни групи за судски и законски реформи.

Тој е автор и коавтор на трудови за посебни истражни мерки, слобода на изразување, клевета и навреда, конфискација на имот, право на приватност, како и на повеќе водичи и стручни публикации.

Пред да стапи на функцијата го водеше повтореното судење против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, а одлучувал и за случајот „27 април“.

Приватно

Тој е оженет и е татко на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Љупчо Коцевски, републичкиот јавен обвинител кој поднесе оставка

Кој е Љупчо Коцевски, републичкиот јавен обвинител кој си поднесе оставка

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести