По заклетвата во Собрание, Савески на средба со јавните обвинители

Новоименуваниот државен јавен обвинител, Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата, информираа од Основното јавно обвинителство.

„Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова Исајловска.

Исто така, на првиот работен ден на функцијата, јавниот обвинител Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ненад Савески, новиот државен јавен обвинител

Ленче Ристоска отпадна, кој останува во трката за нов државен јавен обвинител

Фото: ЈОРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести