Цената гасот не престанува да расте

По нападот на Иран од страна на Израел и САД, освен цената на нафтата, која веќе донесе нови проблеми на светската, но и на македонската економија, продолжува и растот на цената на природниот гас.

Конфиликтот од Иран се прошири во целиот регион на Блискиот Исток, а по нападот на Иран врз индустрискиот комплекс Рас Лафан во Катар, еден од најважните гасни центри во светот, цената на гасот се вивна уште повисоко, за 25%.

Израел пак го нападна иранското гасно поле Јужен Парс – најголемото во светот, кое Иран го дели со Катар.

Нападите предизвикаа голема штета, а производството и извозот на гас беа дополнително загрозени, откако веќе има проблеми со неговиот транспортот преку Ормутскиот теснец, кој речиси и не функционира.

Катар обезбедува дури 20 проценти од светските залихи на течен природен гас (LNG).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата повторно ита кон 120 долари, моментално е 113

САД и Израел ги бомбардира, иранскиот режим ги убива, апси и силува: Иранчаните сардисани од сите страни

Земјите од Блискиот Исток губат по 600 милиони долари во туризмот поради конфликтот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести