Конфликтот на Блискиот Исток поради нападот на Иран од страна на Израел и САД им носи големи загуби на земјите од овој регион и во туризмот.
Според проценките на Светскиот совет за патувања и туризам, туристичкиот сектор на регионот губи околу 600 милиони долари дневно во трошењето на посетителите поради војната.
Моменталните проценки се дека земјите годинава ќе имаат загуби во туризмот од 11 до 27%.
Регионот пред војната беше и еден од најважните светски авијациски коридори, кој ги поврзува Европа, Азија и Африка.
Сега честото затворање на воздушниот простор и на аеродромите, придонесе земјите од Блискиот Исток да имаат загуба и во тој дел, а на патниците од целиот свет им донесе авионски билети со повисока цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%
Во Дубаи има и најмалку 52 македонски фирми, ќе трпат ли и тие од кризата на Блискиот Исток
Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток
Фото: Унсплеш














