Како што стојат моментално работите, годинава, поради кризата на Блискиот Исток, Шпанија, Италија, Хрвтска, Малта, Португалија, но и Карибите, Доминиканската Република, Јамајка…, ќе бидат изборот на туристите за летување.
Како што пишува Гардијан, туристите поради кризата ги менуваат традционалните дестинации како Кипар или Турција, кои се блиску до кризниот регион.
Најголеми загуби од туризмот пак ќе имаат земјите околу Персискиот Залив, кои се вовлечни во кризата.
Очекувано промените на навиките се поради безбедносни причини, но и поради достапност на дестинацијата и избегнувањето на евентуални прекини во воздушниот сообраќај.
Според Туи, најголемиот европски туроператор, побарувачката за одмори во Шпанија, Португалија и Хрватска нагло се зголемила во последните денови, но и за Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%
Најмалку 15 милијарди долари од извоз на нафта изгубија земјите од Персискиот Залив
И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток
Фото: еМагазин














