И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%

Кризата на Блискиот Исток предизвикана од нападот на САД и Израел на Иран предизвика и пад на пазарот на недвижности и нанесува сериозен удар и на туризмот и целата економија на регионот.

Како што пренесуваат светските агенции индексот на недвижности (DFMREI) во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, паднал за околу 30% од 28. февруари, кога започнаа нападите.

Во ОАЕ кризата донесе последици и во банкарскиот сектор. Американската банка Citibank привремено ги затвори своите филијали таму, откако Иран кој и претходно во ОАЕ освен цели поврзани со САД, гаѓаше и цивилни и економски цели.

И македонски граѓани имаат имот во Дубаи

Истражување на норвешкиот финансиски центар „Е24“ објавено во 2022 година покажа дека 45 македонски државјани се сопственици на 55 имоти во Дубаи.

Вредност на овие имоти беше проценета на 14 милиони долари, а податоците беа од 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дубаи има и најмалку 52 македонски фирми, ќе трпат ли и тие од кризата на Блискиот Исток

Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток

Најмалку 15 милијарди долари од извоз на нафта изгубија земјите од Персискиот Залив

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести