Сложени хируршки интервенции ги чекаат дел од повредените во “Пулс„

Дел од повредените во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани ги чекаат сложени хирушки интервенции, информираше денеска в.д. директорката на Општата болница во Кочани, доктор Катерина Паниќ–Мирчовска.

Како што објасни станува збор за третирање на сложени повреди и лузни добиени по изгореници, поради што истите мора да се третираат внимателно и да не се брза.

-Секоја избрзана одлука може да значи нова лузна. Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите, рацете и лицето, рече таа меѓу друго, посочувајќи дека тие можат да влијаат и врз функционалноста и врз изгледот на пациентите.

Подвлече дека третманот на вакви повреди бара време и внимателен пристап, бидејќи покрај заздравувањето на раните, важно е и да се спречат трајни деформации или ограничување на движењето, особено кај рацете и прстите.

-Во одредени случаи можеби ќе биде потребна и реконструктивна или пластична хирургија, зависно од степенот на оштетување на ткивото, рече таа.

Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочани вечерва нема да спие: Собир во 02:15 часот пред „Пулс“

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести