Кризата на Блискиот Исток, која е резултат на нападот на САД и Израел на Иран, предизвика бројни економски проблеми во земјите од тој регион, кои се прелеаа низ целиот свет.
Земјите губат милијарди од заработката од нафта, туризам, паѓа пазарот на недвижности…
Како резултат на кризата цената на нафтата и гасот почна да расте, поскапуваат авионските билети, ѓубривата важни за земјоделството…, а ако продолжи истата ќе се одрази и на цената на храната и на бројни други производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Во Дубаи има и најмалку 52 македонски фирми
Во економскиот центар на регионот, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), една од најпогодените земји од Блискиот Исток, според податоци на Стопанската комора на Дубаи од лани, во ОАЕ, има 52 македонски фирми, а пет од нив станале членки на Комората во првиот квартал од 2025 година.
Не е познато со што се занимаваат тие фирми, а познато е дека Македонија таму извезува електроника, облека, возила, машини, овошје и зеленчук.
Од Дубаи пак во Македонија се извезува електроника, медицински инструменти, играчки, спортска опрема, вештачки влакна, парфеми и козметика.
Кој стои позади нив исто така не е познато, а изминативе години на големо се шпекулираше дека таму бизниси имаат и македонски политичари или членови на нивните семејства, како и имот.
Минатата година еМагазин побара повеќе информации од Комората за македонските фирми, но не добивме одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%
Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток
Најмалку 15 милијарди долари од извоз на нафта изгубија земјите од Персискиот Залив
Фото: Унсплеш














