Русија и Кина му помагаат на Иран, по нападот на земјата од страна на САД и Израел, на повеќе начини, вклучително и воено, откри иранскиот министер надворешни работи Абас Арагчи во интервју за телевизијата „МС Нау“.
Тој меѓу друго кажа дека Русија и Кина се стратешки партнери на Иран во оваа војна, и дека поранешната соработка, продолжува и денеска.
Во светските медиуми веќе беа објавени бројни информации дека Русија му помага на различни начини на Иран, а дека постои соработка помеѓу двете земји неодамна потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната во Иран и Блискиот Исток ќе трае уште најмалку три недели
Зошто е важен иранскиот остров Харг, кој го нападна САД и како може да влијае на цената на нафтата
За следната недела САД и Израел најавија уште посилни напади на Иран
Фото: Унсплеш














