Денеска пред една година во раните утрински часови во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани се случи една од најголемите трагедии во земјава.
Како резултат на пожарот кој избувна во објектот загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, од кои дел се уште се лекуваат, претежно млади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сложени хируршки интервенции ги чекаат дел од повредените во “Пулс„
Трагедијата ја шокираше Македонија и светот, но и покажа колку сериозно не функционира системот во земјава.
Корупцијата, еден од најголемите проблеми на земјава уби деца, а на површинаа излезе целата неефикасност на институциите, кои можеле, а не спречија трагедија од вакви размери.
Една година по трагедијата, нема знаци дека Македонија ја научила на ваков трагичен начин, лекцијата.
За трагедијата во тек се два судски процеси, а треба да почнат уште два, а уште потрагично е што ниту еден од обвинетите не се смета за виновен.
Родителите на загинатите со право се сомневаат дека судските процеси ќе се развлечат и дека не секој од обвинетите ќе биде казнет, како што се случило и за други трагедии, но не се откажуваат од своето право за правда. Тоа им го должат на своите ангели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не ги заборавиме и хероите од трагедијата во Кочани, без нив ќе беше уште поголема
Времето не лечи, станува потешко, вели мајката на Џоко Ѓоргиев, кој загина во пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев














