Да не ги заборавиме и хероите од трагедијата во Кочани, без нив ќе беше уште поголема

Македонија денеска обележува една година од трагедијата во Кочани, каде по пожар во т.н. дискотека „Пулс“ починаа 63, а беа повредени над 200 лица.

Трагедијата можеше да биде уште поголема доколку бројни херои, познати и непознати лица, не помогнаа во раните утрински часови, но и деновите потоа.

Токму тие за еМагазин минатата година беа Личноста на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани

Да не ги заборавиме младите момчиња кои си го ризикуваа сопствениот живот за да спасат што е можно повеќе лица, храбрите пожарникари, лекари, сестри, доктори од земјата и странство, преставници на Црвениот крст, доброволните пожарникари, кочанските таксисти, цивилите кои со сопствени возила ги превезуваа повредените, граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, возачот на Брзата помош, Иле Гоцевски, на кога срцето од тоа што го виде додека превезуваше цела ноќ повредени, буквално му пукна и не напушти…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето нема да ги излечи раните, ќе има ли барем правда: Една година од трагедијата во Кочани

Сложени хируршки интервенции ги чекаат дел од повредените во “Пулс„

(Видео) Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, со минута молк одадена почит на загинатите

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести