Војната во Иран, која се прошири и во регионот на Блискиот Исток, ќе трае уште најмалку три недели, соопштија од Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Од таму посочија дека Израел заедно со САД планира да гаѓа уште „илјадници“ цели во Иран, но и во Либан, за да се потисне паравоената проиранска партија Хезболах. Од таму најавуваат и воена акција и на други фронтови.
Двете земји за неделава, третата недела од стартот на војната, најавија поинтензивни напади на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За следната недела САД и Израел најавија уште посилни напади на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп, периодов даваше контрадикторни изјави за тоа кога ќе заврши војната. Прво велеше дека таа ќе заврши за четири до пет недели, потоа кажа дека таа е речиси завршена, за да на крај рече дека истата ќе заврши кога тоа ќе го “почуствувал во коските“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток
И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%
И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток
Фото: Унсплеш














