За следната недела САД и Израел најавија уште посилни напади на Иран

Додека светот се прашува кога ќе заврши војната на Блискиот Исток, САД, за следната недела заедно со Израел, најави уште посилни напади на Иран.

Војната веќе влезе во третата недела, а најавата за новите посилни напади ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп за Fox News Radio.

На прашањето пак кога ќе заврши војната одговори дека ќе завршела кога „ќе го почувствувам тоа во коските“.

Трамп изминатиов период даваше драстично различни изјави кога ќе заврши конфликтот и што е вистинската цел за нападот на Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД за само шест дена потрошил 11,3 милијарди долари во војната со Иран

Трамп се пофали дека САД заработувале многу пари од растот на цената на нафтата

Трамп вели војната завршувала, а таа се разгорува, новиот верски лидер на Иран најавува одмазда

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести