САД го нападна иранскиот остров Харг, кој беше поштеден од нападите на Иран во последните две недели.
Станува збор за една од клучните области во Иран, во Персискиот Залив, кој се наоѓа на околу 43 километри од иранскиот брег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто е важен иранскиот остров Харг, кој го нападна САД и како може да влијае на цената на нафтата
Низ него, бидејќи е во длабоко море, минуваат околу 90 проценти од извозот на нафта на Иран и затоа се смета за најчувствителна економска цел во Иран.
На него завршуваат нафтоводите што носат нафта од полињата во централниот и западниот дел на Иран, кои засега се поштедени.
Во првиот напад на островот, цел на напади биле воени цели, потврди американскиот претседател Доналд Трамп, кој на социјалните мрежи сподели и видео од нападите.
Footage has now been published by President Donald J. Trump showing today’s strikes against Iranian military targets on Kharg Island in the Northern Persian Gulf, which acts as a port hub for the export of up to 90% of oil products leaving Iran. In the footage, strikes can be… pic.twitter.com/WH3iWw74sE
— OSINTdefender (@sentdefender) March 14, 2026
Нападот очекувано предизвика страв од пошироки прекини во снабдувањето со нафта во регионот, што би можело дополнително да влијае на цената на нафтата, која веќе расте поради воениот конфликт на Блискиот Исток и нефункционирањето на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира 20% од нафтата за глобални потреби.
Доколку биде нападната и нафтената инфраструктура, ќе има неизбежен раст на цената на нафтата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД за само шест дена потрошил 11,3 милијарди долари во војната со Иран
Трамп се пофали дека САД заработувале многу пари од растот на цената на нафтата
Трамп вели војната завршувала, а таа се разгорува, новиот верски лидер на Иран најавува одмазда
Фото: Унсплеш














