Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера околу 13:55 часот во селото Џепчиште, тетовско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории кај Б.М. (44) од Џепчиште.

-При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.
Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.
По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР














