Додека бројни земји низ светот, меѓу кои и Македонија, веќе ги чувствуваат последиците од војната на Блискиот Исток, иако не се инволвирани во истата, американскиот претседател Доналд Трамп се пофали оти неговата земја заработувала многу пари од растот на цената на нафтата.
Според него растот на цената на нафтата, која периодов прави “падни-стани“ и се движеше од над 80 до околу 120 долари за барел, ќе бил корисен за Американците.
-САД се најголемиот производител на нафта во светот, па кога цените на нафтата растат, заработуваме многу пари, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, додека и Американците полнат поскап бензин.
Просечната цена на горивото во САД моментално е 3,59 долари за галон. Пред еден месец тоа се продаваше за 2,94 долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Светот да се подготви за нафта која ќе чини 200 долари за барел, најавуваат од Иран
Фото: Унсплеш














