САД за само шест дена потрошил 11,3 милијарди долари во војната со Иран

САД троши по над милјарда долари на ден во војната со Иран.

Според податоци на американското Министерство за одбрана, само во првите шест дена од војната, САД потрошил повеќе од 11,3 милијарди долари, пренесоа тамошните медиуми, кои коментираат дека истите се повисоки, бидејќи во оваа бројка не се пресметани сите трошоци.

Само трошоците за замена на потрошената муниција се веќе над 10 милијарди долари.

Војната заклучно со денеска влегува во третата недела. Никој не знае кога ќе заврши, а првичните најави на американскиот претседател Доналд Трамп беа за три до четири недели, но тој постојано различно одговара на тоа прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД привремено дозволи продажба на руска нафта на море

Трамп се пофали дека САД заработувале многу пари од растот на цената на нафтата

Трамп вели војната завршувала, а таа се разгорува, новиот верски лидер на Иран најавува одмазда

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести