Почнувајќи од вчера, Окта АД Скопје, најголемиот снабдувач со нафтени деривати во Македонија, им понуди на трговците со горива, попуст од 2 денари по литар за дизелот и бензините.
Одлуката на компанијата следи по присоците на пазарот во земјава, кои се резултат на кризата на Блискиот Исток, по нападот на Иран од страна на САД и Израел, кој придонесе за драстичен раст на цената на нафтата, која деновиве се движеше од над 80 до околу 120 долари за барел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Растот на цената на нафтата во Македонија драстично ги зголеми цените на дизелот и бензините, како и во многу други земји низ светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно
За понудата јавно засега реагираа од Макпетрол АД Скопје, најголемиот дистрибутер на нафтени деривати во земјава, од каде потенцираа дека понудата на Окта не е доволна и не го решава проблемот.
Од таму меѓу друго потенцираа дека најдоброто решение за сите е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот.
Новата цена на горивата Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) треба да ја соопшти во понеделник.
Како што веќе пишуваше еМагазин со измените на Правилникот, РКЕ, сега корекции на цените ќе прави само во понеделник, за разлика од порано кога корекции се правеа повеќе пати во неделата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за 5 денари
Фото: Игор Бансколиев














