Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот

Хрватска вчера ги замрзна цените на горивата за период од две недели по драматичниот раст на цената на нафтата.

И македонската Влада има на располагање механизми со кои може да влијае на цената на бензините и дизелот кои од синоќа на полноќ се продаваат по драстично повисоки цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за 5 денари

Таа може да ја активира можноста за намалување на акцизата за горивата и на ДДВ-то за увоз на енергенси, како кризни мерки.

Пред неколку денови премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата размислува да ги намали акцизата и ДДВ-то за да се спречи ценовен шок за граѓаните и економијата, доколку цената на нафтата драматично порасне.

Вакви мерки се можни во кризни состојби кога Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика придонесе за драстичниот раст на цените на бензините и дизелот, додека цената на нафтата растеше, таа го измени Правилникот

Цената на нафтата драстично падна додека во Македонија се правеа колони на бензинските пумпи

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести