Хрватската авио компанија „Кроација ерлајнс“ ја укина сензонската линија помеѓу Скопје и Сплит, објави специјализираниот сајт exyuaviation.com.
На оваа авио линија се леташе двапати неделно во периодот од 8 мај до 9. октомври.
Првпат летови помеѓу Скопје и Сплит беа воведени во 2006 година, кои исто така беа прекинати, а потоа беа вратени во 2015 година.
Последен пат оваа линија беше вратена во 2023 година.
Линијата Скопје-Загреб на истата компанија останува.
Фото: Унсплеш














