САД и Израел ги бомбардира, иранскиот режим ги убива, апси и силува: Иранчаните сардисани од сите страни

Деновиве беа обесени тројца Иранчани, кои биле дел од масовните протести во декември и јануари, во кои тамошниот режим уби илјадници свои граѓани, пишува Iran International.

Нема официјални податоци колку лица, претежно млади, осуди на смрт, се погубени по протестите.

Затворите како што пренесуваат светските медиуми се преполни со лица кои беа уапсени по протестите, а иранските власти јавно преку државните медиуми им се заканија на своите граѓани дека ќе биде уште полошо за нив, ако излезат на протести и ги искористат нападите на Иран од страна на САД и Израел.

Iran International деновиве ја пренесе и информацијата дека две медицински сестри, кои лекувале повредени во протестите, во притвор неколку пати биле групно силувани од страна на безбедносни агенти.

Оваа е само мал дел од хоротот на граѓаните на Иран од нивната власт, кој им е секојдневие, а животот им стана уште потежок по војната.

Како што пренесува CNN, и излегувањето во продавница деновие е предизвик. По градовите од безбедносните служби се поставени контролни точки, на кои граѓаните се испрашуваат и им се проверуваат телефоните.

Во нападите на САД и Израел загинаа илјадници лица, претежно цивили, а меѓу нив и голем број деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега убиени девет високи ирански функционери

Иранчаните се со месеци без пристап до интернет, а единствено место од каде ги искажуваат своите ставови се нивните домови, па изминатиов период на социјалните мрежи беа објавени бројни видеа во кои на тој начин го слават убиството на секој висок ирански функционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната во Иран и Блискиот Исток ќе трае уште најмалку три недели

Зошто е важен иранскиот остров Харг, кој го нападна САД и како може да влијае на цената на нафтата

Техеран го обви црн чад по нападите врз нафтените постројки

Видео: Iran International – English/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести