Техеран го обви црн чад по нападите врз нафтените постројки

САД и Израел синоќа погодиле пет нафтени постројки во околината на Техеран, Иран, поради што денеска има големо загадување на воздухот.

„Нападите врз нафтени складишта ослободуваат опасни и отровни материи во воздухот, што во големи размери ги загрозува животите на луѓето“, изјави портпаролот на Министерство за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи.

Иранското здружение на Црвената полумесечина упати итно предупредување до жителите на Техеран да не ги напуштаат своите домови поради „црниот дожд“. Од таму велат дека постои сериозна опасност дождот да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови.

Организацијата ги повика граѓаните кои ќе се најдат на отворено веднаш да побараат засолниште под бетонски или метални покриви. Се советува секој што бил изложен на “дождот“ веднаш да ја исплакне кожата со ладна проточна вода и да ја промени облеката.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести